На Медитеранскиот театарски фестивал „Пургаторије“, што се одржа во Тиват, Р. Црна Гора, Македонскиот народен театар ги освои наградата за најдобра претстава во целина за претставата „Животот на Молиер“ и наградата за најдобар актер, која Никола Ристановски ја доби за улогата на Молиер.

Жирито составено од Мани Готовац – театролог, претседателката Тања Бошковиќ – актерка и Зоран Живковиќ – продуцент, по шест одиграни претстави во официјалната селекција, на 29.8.2015 година во Тиват донесе едногласна одлука наградата за најдобра претстава да ја додели на претставата „Животот на Молиер“ во продукција на Македонскиот народен театар, а наградата за најдобар актер ја доделува на актерот Никола Ристановски за улогата на Молиер.
Годинашната селекција уште еднаш го потврди „Пургаторије“ како важен театарски фестивал на кој е возможно да се видат извонредни уметнички дела од најразлични театарски уметници, режисери, актери, сценографи, костимографи, композитори, балетани, известија од НУ Македонски народен театар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Београдско драмско позориште со „Зојкин стан“ гостува во МНТ
-
Београдско драмско позориште гостува во МНТ со „Зојкиниот стан“
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
МНТ со „Кец на десетка“ гостува на фестивалот „Ин Виница веритас“


