| четврток, 6 декември 2018 |

Турски воени авиони нападнаа цели на ПКК

авиони

Турски воени авиони нападнаа синоќа засолништа на борците на Курдската работничка партија (ПКК) во северен Ирак, изјави денеска претставник на силите за безбедност на Турција.

Според истиот извор, како што јави Танјуг, 15 турски воени авиони нападнале цели на ПКК во планинско подрачје во северен Ирак, во Кандил, Запа и Авашин, кусо по полноќ. Нападот траел до пет часот изутринава по локално време.

Во судирите меѓу турските сили за безбедност и припадниците на ПКК од јули и прекинот на примирјето, загинаа повеќе од 70 припадници на турските безбедносни сили и стотици борци на ПКК.

Турската војска во јули започна интензивна воздушна кампања на засолништата на ПКК во југоисточна Турција и во северен Ирак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top