Маж од американската сојузна држава Флорида беше уапсен и обвинет дека планира да активира бомба на настан во градот Канзас во спомен на нападите од 11 септември 2001 година, соопшти Министерството за правда на САД.
Дваесетгодишниот Џошуа Голдберг е уапсен под обвинение за ширење информации поврзани со експлозиви, опасни материјали и оружја за масовно уништување.
Голдберг му дал на друг човек информација како да направи бомба од лонец под притисок и да ја наполни со метални парчиња и други предмети натопени во отров за глувци.
Тој му дал инструкции на друг човек да ја постави бомбата на местото во Канзас, каде треба да има церемонија по повод 14-годишнината од нападите на 11 септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.