Времето во Македонија утре ќе биде променливо облачно со повремен дожд позастапен во јужните и источните делови. Ќе дува и слаб променлив ветер на југот со услови за појава на ретки грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 17, а дневната од 18 до 26 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за појава на слаб повремен дожд и со слаб северозападен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 24 степени.
Од сабота следува период на сончево време со мала до умерена локална облачност и постепен пораст на дневната температура. Минималната температура во наредните денови ќе биде во опаѓање, најсвежо ќе биде во недела и понеделник наутро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.