Македонците се најбратски и најблизок народ на бугарскиот – истакна бугарскиот премиер Бојко Борисов во интервју за бугарската телевизија ТВ+. Тој потенцираше дека иако е незадоволен од политиката на Македонија кон Бугарија, не е грешка што неговата земја ја признала Македонија под уставното име.
-Тие се нашиот најбратски народ, нашиот најблизок народ и тоа беше еден прекрастен гест кон нив. Жалам што таму има политичари кои тоа го забораваат и не го ценат. Тие се различен народ од нас од проста причина што се различна држава, тие се македонски граѓани, ние сме бугарски граѓани – вели Борисов.
Ставот на Бугарија кон решение на спор за името, во кое би била содржана географска одредница, коментира тој, зависи од која ќе биде таа.
-Не сакам да говорам за таа тема, затоа што може да се шпекулира. Ние ја признавме Македонија како држава, и помагавме повеќе од сите, ја поддржавме за сé и се надевам дека Македонците ќе го препознаат тоа и треба да знаат дека добрососедството е една од главните работи во ЕУ – додава тој.
Бугарскиот политичар зборува и за комунизмот, кога Бугарите во Пиринска Македонија сосила биле терани да се декларираат како Македонци. Меѓу нив, вели Борисов, и таткото на актуелниот бугарски претседател Росен Плевнелиев.
-Сега некои политичари во Македонија може да кажат дека бугарскиот претседател е Македонец. Не им текнало – вели Борисов.
Според него, двете соседни држави треба да се фокусираат на економската соработка и инфраструктурното поврзување, а не кон историјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Борисов бара ревизија на сите издадени бугарски пасоши во последните пет години
-
На Халкидики продавале бебиња за 18.000 евра
-
Измамени Mакедонци: Им ветувал работа во Германија – ги оставил без пари на улица
-
За Борисов Гоце е Бугарин: Прво со Заев отидовме на гробот на нашиот светец и херој Делчев, сега тој е тука!


