| четврток, 6 декември 2018 |

Австрија ги прекина железничките врски со Унгарија

­ Австриската национална железничка компанија „ОББ“ денеска ги прекина железничките врски со Унгарија заради масовниот наплив на мигранти, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на нејзино коминике.

prugag

 

Компанијата објасни дека нејзината железничка мрежа во послендите неколку дена била претоварена од огромниот број бегалци, кои се упатиле кон Германија.

„ОББ“ соопшти дека нема да продава билети за дестинациите кон Унгарија.

Австриската железничка компанија ги повика доброволците и автобуските компании да запрат со превозот на мигранти до нејзините железнички станици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top