Сите по 2 гола, само Јувентус со нула, и во речиси безизлезна ситуација, по првите четвртфинални натпревари во Лигата на шампионите. Катастрофална вечер имаше еден од најдобрите голмани на светот, Џиџи Буфон и благодарение на двете негови грешки, Баерн го победи Јувентус со 2-0. Давид Алаба веднаш на стартот со удар од 30 метри го погоди голот на заспаниот Буфон, а Милер, по нов голем кикс на голманот на Јуве, му донесе одлична предност на својот тим пред реваншот во Торино.
szólj hozzá: Bayern Munich 2-0 Juventus MATCH HIGHLIGHTS
По 2 гола дадоа и Пари сен Жермен и Барселона, за реми, 2-2, на „Паркот на принцовите“ во Париз. Вредеше да се истрпат турканиците за билети, што настанаа при продажбата, бидејќи беше прикажан одличен фудбал од двата тима. Гостоте на двапати водеа со головите на Меси и на Чави од пенал, а Ибрахимовиќ и Матуиди со погодок во последните моменти, им донесоа надежно реми на „светците“ од Париз. Особено, ако повредата на Меси е сериозна. Тој беше заменет на стартот од вториот дел.
szólj hozzá: PSG vs Barcelona 2:2 MATCH HIGHLIGHTS
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


