| четврток, 6 декември 2018 |

Се гради секундарна фекална канализациска мрежа во Ченто

mreza

На улиците „37“ и „22“ во населеното место Ченто во Општина Гази Баба денеска почна изградба на секундарна фекална канализациска мрежа во должина од 600 метри.

Проектот е кофинансиран од страна на Министерство за животна средина и просторно планирање со 2,5 милиони денари, а општина Гази Баба ќе учествува во проектот со санација на улиците.

На почетокот на градежните активности присуствуваа вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, Муса Џафери, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, и градоначалникот на општината Гази Баба, Тони Трајковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top