| четврток, 6 декември 2018 |

Бишоп: Војната против ИД може да потрае со години

­ Австралискиот министер за надворешни работи Џули Бишоп изјави дека војната против џихадистите од Исламската држава (ИД) може да потрае со години, што значи дека и улогата на Австралија во таа борба може да трае долго време.

dzuli-bisop-australijska-ministarka-1

 

Изјавата на Бишоп доаѓа по соопштението на австралиската Влада дека борбени авиони на австралиското Воено воздухопловство ќе се вклучат во операциите за бомбардирање на позициите на џихадистите од оваа милитантна исламистичка сунитска група во Сирија.

Австралиските авиони досега беа вклучени само во летачки мисии против милитантите од ИД на територијата на Ирак, како дел од меѓународната антиџихадиситчка коалиција предводена од САД.

Австралија испрати и извесен број свои војници, кои учествуваат во обуката на ирачката армија. Според министерката Бишоп, Австралија е посветена на уништување на џихадистите кои се закана за регионот на Блискиот Исток.

Изјавата на шефот на дипломатијата ја потврди и министерот за одбрана, Кевин Андерсон, кој за австралиската телевизиска компанија Еј­Би­Си изјави дека не може да каже колку долго ќе трае мисијата против ИД. ­

– Не можам да дадам прецизен одговор, но сигурно станува збор за две­три години, рече Андерсон.

Минатиот месец САД и формално побараа од Владата во Канбера, австралиската воена авијација да се вклучи во борбените операции против џихадистите од ИД на сириската територија.

Соопштението на Бишоп и изјавата на Андерсон доаѓаат по одлуката на австралиската Влада, освен за поинтензивно вклучување во воената пресметка со ИД, да го зголеми и прифатот на бегалците кои бегаат од војната на Блискиот Исток.

Австралија одлучи да прими 12 илјади бегалци, како и да уплати дополнителни 44 милиони австралиски долари во фондовите на ОН за помош на бегалците и раселените лица од Сирија и Ирак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top