| четврток, 6 декември 2018 |

Евробаскетот заврши за Русија, БиХ и Исланд

rusia

Евробаскетот што го организираат четири земји, Хрватска, Франција, Германија и Летонија веќе заврши за три селекции пред одигрување на последното коло по групи. Од А групата веќе испаднаа Русија и Босна и Херцеговина, па нивниот денешен меч ќе биде ревијален.

Филтер фазата не ја мина и дебитантот на ЕП, селекцијата на Исланд од Б групата по четирите порази. Вкупно 10 репрезентации досега обезбедија настап во нокаут фазата предводени од актуелниот шампион Франција, потоа и Србија, Грција, Хрватска, Италија, Чешка, Литванија, Израел, Полска и Финска.

Уште за шест места и патници во осминафиналето ќе се одлучува денеска, а најинтересен е мечот од Б-групата во Берлин меѓу Шпанија и Германија. Победникот ќе се пласира понатаму, а поразената репрезентација ќе испадне.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top