Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Миркуловски одигра солидна партија за својот нов клуб во германската Бундеслига.
Тој летово ги засили редовите на Вецлар кој досега во четири одиграни кола има половичен успех. Синоќа на домашен терен Вецлар се сретна со поранешниот клуб на Миркуловски, Хановер и го победи со 31-28.
Македонскиот репрезентативец постигна два гола од пет обиди и имаше значаен придонес во играта во одбраната.
Во втората победа на Вецлар сезонава, најефикасен беше Жоао Фераст со осум погодоци. Со ист број голови, најефикасен кај Хановер беше Каи Хафнер.
Уште еден македонски репрезентативец оствари победа синоќа во Германија. До прва победа во новата Бундеслигашка сезона забележа Ацо Јоновски со тимот на Бергишер против новакот во лигата, Турингер, со 30-22. Јоновски вообичаено беше задолжен за играта во одбраната, не се запиша во листатат на стрелците, а мечот го заврши со црвен картон поради три исклучувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.