Многу жени по излегувањето од кадата затекнуваат буквално цели купчиња влакна, но стручњаците сепак велат дека ова е сосема нормално, особено за жените што имаат подолга и погуста коса.
Луѓето просечно губат помеѓу 60 и 100 влакна дневно, но овие бројки апсолутно варираат од личност до личност.
Но, треба да имате предвид дека косата е исклучително чувствителна при состојби на стрес, но и при други промени во организмот, како на пример, грипот или ослабениот имунолошки систем. Тоа практично значи дека еден понапорен месец на работното место или премногу деловни обврски, па дури и нагла промена на режимот на исхрана може да предизвика поголемо и почесто опаѓање на косата.
Добрата вест е дека во моментот кога ќе воспоставите правилна рамнотежа во својот организам, нештата ќе си дојдат „на свое место“, а вашата коса повторно ќе биде блескава и цврста.
На опаѓањето на косата, за жал, влијае и генетиката, но и третирањето со секакви хемиски препарати, агресивни фарби за коса и секакви шампони. Исто така, не би требало да се занемари и фенот, фигарото и пресата за исправување на косата.
Кога би требало да се загрижите?
Според зборовите на стручњаците, ако забележите дека косата ви опаѓа повеќе од вообичаено, и тоа подолго од три месеци, би требало да побарате совет од дерматолог.
Хроничното губење на косата може да биде знак за некој сериозен здравствен проблем, па токму затоа не би требало да го занемарите овој симптом.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.