Холандската полиција во пристаништето во Ротердам спречила шверц на 120 килограми кокаин, при што се уапсени петмина албански државјани од 27 до 43-годишна возраст, пренесе МИА.
Еден од уапсените Албанци при обид да побегне бил каснат од полициското куче трагач на дрога.
Дрогата била скриена во ранци кои биле ставени во контејнер со банани. Прво биле откриени 85 килограми, но по втората контрола во контејнерот полицијата го открила и останатото количество на кокаин, чија вредност се проценува на четири милиони евра.
Дрогата, според полицијата пристигнала од Еквадор. Холандските медиуми, на кои се повикува порталот Албеу, наведуваат дека дрогата веднаш била уништена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.