„Самоа ер“ е прва авиокомпанија на светот која цената на билетот ќе ја дефинира според тежината на патникот и багажот. Оваа одлука ја брани со ставот дека така „влијае на решавање на проблемот со дебелината“.
Наплатата по килограм почна кон крајот на март и тоа за летовите кон Американска Самоа. Системот функционира така што патниците при купување на билеетот ја впишуваат својата тежина и тежина на багажот, што пак потоа на аеродром се проверува, пренесува Дејли телеграф.
„Тоа е најправеден начин на патување“ сметаат од компанијата, „Нема додатни трошоци. Килограм е килограм“.Сепак секој килограм не е ист, ако се види ценовникот. За најкратките релации се плаќа долар за килограм, додека на подолгите чини и 4 долари. Така, велат од „Самоа ер“, се вклучуваат во борбата против дебелината, здравствен проблем со кој оваа земја многу ја загрозува.
Дебатата за ваков систем за наплата на летањето неодамна ја подгреа норвешкиот професор Барат Бата, кој во својот труд објавен во стручните магазини вели дека „наплатувањето според тежината на корисниците на услугата и просторот кој го зафаќа е универзално прифатен принцип не само во транспортот, туку и во други сервиси. Но, бидејќи тие категории се многу поважни во авијацијата отколку во другите сообраќајни гранки, авиокомпаниите би требало да ја земат оваа категорија предвид кога одредуваат цени за билетите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


