| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска облачно со дожд, од утре стабилизирање

дождВремето  во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа, особено во западните и во југозападните делови, повторно ќе бидат обилни и проследени со грмежи и со засилен ветер, а се очекува да наврнат преку 30 литри на квадратен метар воден талог. Преку денот ќе дува умерен повремено засилен југоисточен ветер.

Утринската температура се движи од 12 до 19 Целзиусови степени, а дневната ќе биде од 15 до 22 степена.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, повремено интензитетот ќе се засилува, а ќе дува и умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура се спушти до 17 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 20 Целзиусови степени.

Потоа следува период на стабилизирање на времето и постепено затоплување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top