| четврток, 6 декември 2018 |

Васко Тодоров: Заврши циклусот на К-15, „Алфа“ не нѐ тргна од програма

K-15 се тргнати од програмата на ТВ „Алфа“. Ај на здравје бричење… – објави Саше Ивановски или попознат како Саше Политико, на својот  профил „Фејсбук“. Ова предизвика низа коментари дека политиката и потсмевот на некои актуелни политички случувања во скечевите на К-15 се причините поради кои ова забавно шоу нема да се емитува на ТВ „Алфа“.

Васко Тодоров од К-15 демантира дека се тргнати од програмата. Вели едноставно циклусот завршил.

– Заврши циклусот на К-15. Договорот беше таков. Тоа не значи дека следниот циклус нема да продолжиме повторно на истата телевизија. Секој циклус правиме така – вели Васко за „Кирилица“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top