| четврток, 6 декември 2018 |

Како да ги ублажите тегобите од прејадување?

Обично внимавате што јадете и колку јадете, но, понекогаш едноставно одличниот вкус на храната знае да ве опие и да ве натера да изедете двојно повеќе од потребното, па потоа и десерт… Како да ги ублажите тегобите од прејадувањето?

Worried-woman-eating-hamburger

Таблети медицински јаглен – Овие таблети можете да ги купите во сите аптеки без рецепт. Доколку понекогаш се чувствувате како да сте голтнале топка, имате голем притисок во долниот дел од стомакот и се чувствувате како да можете да експлодирате, пробајте со овие таблети. Тие имаат моќ да ги апсорбираат непотребните гасови и да го стабилизираат дигестивниот тракт. Сепак немој да ви преминат во навика бидејќи и тие имаат некои нус појави како и сите лекови, особено доколку користите таблети за срце.

Чај од нане – Чајот од нане може исто така да ве ослободи од мачнината така што ќе ги неутрализира непријатните гасови и ќе го освежи здивот. Сепак не се препорачува доколку страдате од враќање на киселини од желудникот, бидејќи го опушта сфинктерот и може да ја потенцира состојбата.

Лаксативите се бескорисни – Во ситуација веднаш по прејадување, лаксативите се бескорисни, бидејќи тие го празнат дебелото црево, но, храната е во желудникот. Лаксативите ќе ве натераат да одите во тоалет, но нема многу да ја подобрат вашата состојба.

Прошетајте – Прошетките се многу делотворни, иако се чувствувате статични, сепак и најмалите прошетки ќе помогнат да се подобри вашата состојба.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top