| четврток, 6 декември 2018 |

Перо Антиќ ослободен од сите обвиненија во Њујорк

pero antic

Поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ е ослободен од сите обвиненија кои ги заработи во Њујорк во добропознатиот инцидент во „1 ОАК” клубот во Њујорк, откако денеска државниот обвинител решил да го отфрли предметот против доскорешниот член на Атланта хокс и иден на Фенребахче.
Оваа информација ја преносеа преку твитер реномирани американски новинари, но засега се чека официјална потврда.
Антиќ доби две обвиненија поради попречување на службено лице, закана и попречување во инцидентот во кој со нож беше прободен Индијана пејсерс, Крис Коупленд.
Во инцидентот учествуваше и поранешниот соиграч на Антиќ од Атланта Тибо Сефолоша, кој беше заедно со него за време на инцидентот, ќе мора на судење, кое ќе почне на 5 октомври. Причина што и против него не било отфрлено обвинението е што тој имал физички дуел со полицајците, во кој доби серизни повреди поради кои предвреме ја заврши НБА-сезоната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top