| четврток, 6 декември 2018 |

Боки 13 патриотски го брани Скопје

По расправијата во куќата на Големиот брат, помеѓу македонката  Анета и Синди од „Моделс“, во која србинката го нарече Скопје село, а Анета певаљка, во свој стил се огласи и Боки13.

Преку својот Фејсбук Профил, на не многу дипломатски начин и порача на Синди дека таа греши што зборува за Скопје како за село. Од разбуирливи причини не можеме целосно да ги пренесеме неговите зборови кои можат да се видат на сликата.

Дали реакцијата на Боки е случајна и емотивна или пак тој се подготвува за влез во шоуото ќе се види вечерва кога  во шоуто треба да влезе нов учесник.

Според извори блиски на Големиот брат меѓу имињата кои се споменуваат како можни нови членови на шоуот, се наоѓа и името на Боки13.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top