| четврток, 6 декември 2018 |

Србија продолжува да меле, овојпат жртва беше Турција

Со натпреварот меѓу Србија и Турција започна четвртото коло групата Б или како што сите милуваат да ја кажат „групата на смртта“. Нашите соседи продолжуваат со имресивните настапи во текот на групната фаза и буквално ја демолираа Турција со половина сила (91-72).
Уште од самиот почеток избраниците на Александар Ѓорѓевиќ сакаа да покажат зошто се потесниот круг на фаворити за освојување на златниот медал, и се на чекор од зацртаната цел, прво место во групата што се игра во Берлин.
Турците посеизгледа сеуште се под импресии од победата во претходнот коло над Германија со кое сигурно си обезбедија настапап во следната рунда.
Најефикасен кај српските репрезентативци беше Радуљица со 20 поени и шест скока, додека капитенот Теодосиќ одигра уште една одлична партија реализирајќи дабл-дабил учинок од 17 поени и 13 асистенции. Никола Калиниќ на оваа средба како да сакаше да докаже дека заслужил да биде во српскиот состав постигнувајќи 15 поени и одигрувајќи одлична одбрана против најдобрите турски репрезентативци, Осман и Илјасова.
Кај поразените Турци се истакна Али МУхамед со 16 и Ерден со 14 поени.

Во вториот натпревар кој се игра во првиот термин од 14.30 часот во групата Д, Чешка ја совлада Белгија со 66-64 и изби на првото место на табелата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top