| четврток, 6 декември 2018 |

Албанците подготвени за ново востание

Албанците во Прешевската долина најдискриминирани во Европа

Во Прешевската долина населена главно со Албанци, се можни вооружени судири доколку  се повторат прогонувањата и убиствата на Албанците, смета Претседателот на Движењето за демократски напредок Јонуз Муслиу.

Во интервју за приштинскиот весник „Трибуна“ Муслиу го критикувашр косовското раководство за неговата незаинтересираност преку дијалогот со Белград да се обиде да го реши и проблемот со статусот на Албанците во Прешевската долина.

-Најдискриминирани Албанци во Европа се Албанците во Прешевската долина. Тоа најјасно се потврди на 20 јануари годинава кога беше отстранет споменикот на Армијата за ослободување на Прешево, Бујановац и Медвеѓа во центарот на Прешено. Тука Србија ги покажа своите заби и намерата со сила да ги решава проблемите со Албанците, рече Муслиу.

Тој додаде дека молбата на Албанците за помош, упатена кон Приштина и Тирана, не наиде на разбирање.

-Многу пати сакавме да бидеме дел од дијалогот меѓу Белград и Приштина. Штом се зборува за Косово и неговиот северен дел, зашто да не се зборува и за Прешевската долина, рече Муслиу, кој е и поранешен градоначалник на општина Бујановац.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top