| четврток, 6 декември 2018 |

Цветков: Голем е интересот за Џумајлија

Интересот за Џумајлија е голем. Преку 30 компании се пријавени на огласот за давање под концесија кој е во тек и ќе трае до 9 октомври годинава, рече денеска министерот за земјделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков по работната посета на Свети Николе, пренесе МИА.

џумајлија2

Според огласот, потсети Цветков, земјиштето е поделено на четири целини и за секоја е утврдена висината на инвестицијата – колку идниот закупец ќе треба да вложи, за што и за колкав период.

– Во првата географска целина треба да се инвестираат најмалку четири милиони евра, додека во останатите три по два милиона евра – нагласи министерот.

– Од вкупната површина на Џумајлија, 4.800 хектари, околу 200 до 300 хектари се издвоени за ситните земјоделци, додаде тој.

Со оглед на тоа дека на Овчеполието му е неопходна вода, за десетина дена, како што најави ресорниот министер, ќе биде објавен и конурсот за избор на изведувач на браната Речани.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top