| четврток, 6 декември 2018 |

Цветков: Отштета за сите поплавени земјоделски површини

poplava_skopje_36

Сите земјоделски површини, без разлика дали се евидентирани во нашиот регистар или не, ќе добијат отштета. Ние како Влада и Министерство за земјоделство  за сè што им е направено како штета со оваа катастрофа ќе им исплатиме отштета, изјави денеска  министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.

Министерот Цветков денеска изврши увид во работењето на комисиите формирани за процена на штетите од невремето во село Стајковци.

– Имајќи го искуството со поплавите што беа во 2015 година  ние направивме измени на Законот со кој се овозможува да добијат отштета сите земјоделски површини. Комисиите за процена се на терен и работат со полн капацитет. Некаде за дваесет дена оваа работа треба да биде завршена – изјави Цветков.

Потсети дека како комисиите ќе ги обработуваат податоците тие ќе бидат дадени на Влада и ќе бидат исплатени од платежна агенција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top