Италијанската влада ќе ѝ додели 90 илјади евра на Македонија за соочување со приливот на емигранти од Блискиот Исток.
– Вонредната состојба предизвикана од приливот на емигранти од Блискиот Исток на пат кон северна Европа претставува нов предизвик за Европа и за европските земји со кој заеднички треба да се соочат земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидати од Западен Балкан. Имајќи ги предвид предизвиците со кои моментно се соочуваат македонските власти, италијанската влада донесе одлука да ѝ додели на Македонија дополнителна мултилатерална помош во износ од 90.000 евра за финансирање на активностите на здруженијата на Црвениот крст и на Црвената полумесечина на Република Македонија – се наведува во соопштението од Италијанската амбасада во Скопје.
Оттаму истакнуваат дека бројот на емигранти кои го користат т.н. Балкански пат постепено се зголемувал, особено во последните неколку недели и дека тоа претставува голем напор за Македонија.
– Италијанската помош има за цел да ги поддржи активностите од примарна заштита на македонскиот Црвен крст и на Црвена полумесечина за да им се помогне на најранливите групи емигранти (жени и деца), како и обезбедување основни средства и основна медицинска грижа – се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот
-
Шумската мафија годишно заработува и до 25 милиони евра (видео)
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД



