| четврток, 6 декември 2018 |

Унгарија ќе постави порта на пругата Суботица-Сегедин?

порта

Унгарските власти ја разгледуваат можностa за поставување порта на железничката пруга, која од Суботица води кон Сегедин, јави изутрина унгарската телевизија М1.

Токму таа пруга е коридор, преку кој бегалците илегално ја минуваат границата, со оглед на тоа дека преку неа не е поставена ограда.

Претходно беше прекинат железничкиот сообраќај меѓу Сегедин и Суботица.

Со поставувањето на портата, како што се очекува, бегалците би биле спречени илегално да поминуваат, а би се создале услови и за повторно воспоставување на железничкиот сообраќај.

Во унгарската населба Реска изутринава е мирно, а и натаму пристигнуваат нови бегалци. Преку „зелената граница со Србија“ пристигнале меѓу 100 и 150 нови бегалци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top