| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на филмот „Три во едно“ во Охрид

Најновото филмско остварување „Три во едно“, на режисерот Коле Ангеловски, премиерно ќе биде прикажан во сабота, 12-ти септември со почеток во 20.00 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев” во Охрид.

Филмот е урнебесна комедија од три различни приказни на една иста тема љубов и неверство. Сценарио и режија на Коле Ангеловски.

Директор на фотографија е Антонио Божиновски, а во филмот играат плејада одлични актерски имиња: Даниела Иваноска, Зоран Иваноски, Андон Јованоски, Марија Спиркоска Илијески, Наташа Наумоска, Марјан Чакмакоски, Јасмина Мицовска Станкоска, Димитар Црцорски, Катерина Чакмакоска, Виолета Чакарова, Владимир Ѓорѓијоски, Александар Степанулески, Никола Настоски.

Кино проекциите продолжуват и во деновите 13-ти, 14-ти, 15-ти, 16-ти и 17-ти септември, со почеток 20.00 часот, а влезот чини 100 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top