Лидерот на Алијансата за иднината на Косово и пратеник во Парламентот во Приштина, Рамуш Харадинај, поднесе оставка од функцијата член на владината Комисија за надворешна политика, испраќајќи порака до власта да внимава да не ја доведе земјата до степен, на кој прашањето ќе биде дали некој воопшто ќе сака да живее во неа, пишува весникот „Коха диторе“.
Алијансата за иднината на Косово соопшти дека Комисијата за надворешна политика се претворила во политички инструмент на премиерот Иса Мустафа и на вицепремиерот Хашим Тачи и ја загубила смислата и својата првобитна улога.
Незадоволен од демаркирањето на границата со Црна Гора, Харадинај ги нарече службениците во таа Комисија „идиоти“, и употреби и други погрдни имиња.
Харадинај ја обвини косовската влада дека ѝ предала косовска земја на Црна Гора.
Претседателот на Комисијата за надворешна политика, Енвер Хоџај, изнесувајќи го извештајот за дермаркирањето на границата со Црна Гора, изјави дека сѐ било извршено согласно со законите и по редовна процедура и дека Косово не загубило ни делче од својата територија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.