Утре кон крајот на денот нашата земја постепено ќе потпадне под влијание на влажен бран од Медитеранот, кој ќе услови врнежи од дожд најпрвин во југозападните делови, информираат од УХМР. Во текот на ноќта врнежите ќе се интезивираат и ќе се прошират насекаде, а ќе продолжат и в четврток. На места врнежите ќе бидат обилни проследени со грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме, при што се очекува да наврнат над 30 л/м2, особено во западните, јужните и северозападните делови.
За викендот синоптичарите најавуваат стабилизирање на времето. В сабота ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 29 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.