Вооружена група денеска во областа Бинука, североисточно од Багдад, го киднапира ирачкиот заменик министер за правда Абдулкарим Фарес.
Напаѓачите со своите возила го пресретнале автомобилот на заменикот министер и во престрелка го повредиле неговиот возач, кога тој се обидел да интервенира.
Ирачкото Министерство за внатрешни работи потврди дека дошло до киднапирање, но не соопштува повеќе детали.
Фарес ја извршува и функцијата генерален директор за финансиски и административни работи во Министерството за правда.
Идентитетот на напаѓачите засега е непознат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.