| четврток, 6 декември 2018 |

Статистиката потврдува: Мерките за зголемување на наталитетот се исплатеа

Демографијата, наталитетот и фертилитетот останува во врвот на нашите најголеми предизвици, потенцираше денеска Никола Груевски во своето обраќање по повод Денот на независноста на Република Македонија.

Премиерот истакна дека во изминатите недели излегоа многу статистички информации, кои покажуваат две работи:

– 1.Владините мерки даваат видливи резултати и трудот и напорите се исплатеа иако многу скептици не веруваа во тоа. Трето дете во семејство, не е веќе вистинска реткост, туку е се почесто и полека станува но сигурно хит, станува мода, станува нормално се повеќе. Ако пред 7 години беа вистинска реткост, веќе нема улица, или влез во зграда каде нема по еден или повеќе случаи на семејство со три или повеќе деца. Бројот на трето родени деца во 2008мата е 2677 трети деца во семејство, додека во 2014та е 3.715 трети деца во семејство, што е раст од безмалку 40 осто. Тоа се цели 1038 повеќе семејства само во текот на една година кои се одлучиле да имаат трето дете, споредено со 2008мата. Во 2008мата се родиле вкупно 22.945 деца, а во 2014тата 23.674 деца, што е плус 729 деца, и раст од 3,2%.

2.Но бидејки ова прашање не се  третирало од поранешните влади на време, на пример 10-15 или 20 години пред ние да се зафатиме со ова прашање во 2008та, сега во наредната деценија ќе се соочиме со ниска фертилна база. Тоа значи ако значително помал број на жени во доба кога може да родат деца споредено со пред 20 или 30 или повеќе години. Преку илустративен пример ќе објаснам ако некогаш во еден период во некое место имало 100 жени во доба кога може да родат деца, сега има 60 или 70 такви жени.Дури и ако сите раѓаат по три деца, што сеуште е невозможно, пак бројот на население нема да расте. Но барем, ќе се создаде односно ќе се врати култура на повеќедетни семејства, и ќе се запре деценискиот пад на наталитетот, истакна тој.

Годинава за првпат во прво одделение се запишаа над 1.000 повеќе првачиња отколку лани. Тоа со децении не се случило на овој простор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top