| четврток, 6 декември 2018 |

Болт истрча две финални трки на СП годинава, освои две злата и ја заврши сезоната

Најдобриот спринтер на сите времиња рекордерот на 100 и 200 метри, Јамајканецот Усаин Болт кој освои златни медали на штотуку завршеното Светско првенство во Пекинг во овие дисциплини реши да се повлече и да ја заврши сезоната.
Тој докажа дека најбрз човек на планетата победувајќи го во финалињата Џастин Гетлин кој најави оваа сезона дека ќе го симне митот за најбрзиот човек, но не успеа. Болт одлучи да си замине дома во Јамајка и да не учествува на митинзите што се во рамките од Дијамантската лига.

Организаторите на митингот во Брисел веќе објавија дека Болт поради преголем замор го откажал својот настап, додека Американецот Џастин Гетлин го потврдил учеството на трките на 100 метри на 200 метри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top