Понекогаш мислите дека и упатувате комплимент, но жените знаат тоа поинаку да си го протолкуваат. Избегнувајте ги овие „комплименти“.
Изгледаш помладо
Во нејзината глава ова се толкува како ти си детинесто смешна и интересна, наместо секси и убава кон што и веројатно целела.
Убава си кога се смееш
А, кога не се смеам, тогаш што??
Го обожавам твојот карактер
Што автоматски се толкува како – сакам да бидеме пријатели. Забавна ми си, но не и привлечна.
Изгледаш различно
Ако веќе ја забележавте промената (било тоа на бојата на косата, физурата, облеката) подобро потенцирајте дека оваа промена и годи и дека изгледа уште подобро (ако тоа е можно) отколку само да потенцирате дека, да, таа изгледа различно.
Сама си поради тоа што си била во врска со погрешни мажи
Дали навистина мислите дека не го знае тоа? И која е поентата на потенцирање на овој факт? Бидејќи сигурно нема да направи да се чувствува подобро.
Без гајле, вистинскиот ќе се појави кога најмалку очекуваш
Ако ова треба да помогне кога е факт дека сите очекуваат и бараат и се надеваат, тогаш навистина немате поим што зборувате. Сите девојки го сакаат својот принц на бел коњ, а додека да го имаат, подобро не им спомнувајте дека е тука некаде.
Си ослабнала?
Не знам дали со ова машките мислат дека покажуваат внимание, но на секоја жена ова јасно и гласно ѝ кажува дека е дебела. Дури и навистина да внимава на својата линија, нејзин е изборот што и како ќе прави со својот живот и своето тело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.