| четврток, 6 декември 2018 |

Докажано: Мажите го слушаат само тоа што тие сакаат да го слушнат!

Просечен маж може да издржи околу шест минути зборување од страна на жената, за тоа како го приготвила ручекот, како се чувствува и слични работи, а во разговор со другарите во врска со спортот и сексот, можат да издржат дури 15 минути.

zena zboruva maz slusa

Повеќе од половината мажи признале дека „имаат селективен слух“, односно дека не умеат да слушаат. Меѓутоа, разговорот со другарите не им претставува проблем, а најпопуларни теми меѓу припадниците на посилниот пол се спорт, филмови, секс.

Истражувањето спроведено на 2 илјади луѓе открило уште некои занимливости, како, на пример, дека жените, иако генерално, подолго и внимателно слушаат и дека подолго издржуваат во разговор со другарките отколку со својата посилна половина.

Жените, за разлика од мажите, најмногу сакаат да разговараат за врските и за машко-женските односи.

Жените што сакаат да го привлечат вниманието од својот маж, никако не би требало да се обидуваат додека тие гледаат некој натпревар, додека избираат некој ТВ канал или додека испробуваат некоја нова апликација.

hitportal-gledanje-fudbal3

Мажите во просек четири пати неделно ја „игнорираат“ својата жена во моментот кога таа зборува, а  тоа не е баш најпаметно затоа што тој има некоја друга работа.

Секој маж, најверојатно, ќе се исклучи од разговорот, во кој се разговара за некој кого не го познаваат или за нешто што тие не го разбираат, како, на пример, за колегите од работа или за некоја нова мода. Исто така, подеднакво ќе бидат незаинтересирани за нешто што неговата сопруга видела на „Фејсбук“.

За тоа колку ваквото игнорирање не е паметно зборува и фактот дека 55 отсто од жените обично почуваат онакви разговори за да го тестираат партнерот дали ги слуша или не, а најдобар показател дали мажот слуша е тоа што му треба повеќе време да одговори.

Повеќе од петтина мажи признале дека за време на телефонски разговор со патнерката, истовремено сурфаат на интернет или гледаат некој натпревар.

Она што е можеби најинтересно е дека и мажите и жените повеќе се доверуваат за осетливи информации на своите најдобри пријатели отколку на својот партнер.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top