Во светот на модата одредени парчиња едноставно ги освојуваат срцата на трендсетерите уште на прв поглед.
Една од таквите љубови на прв поглед предизвикува најновата „лего-чанта“ на „Шанел“, за која веќе има долга листа на чекање.
Моделот на најновата Лагерфелдова идеја е четвртеста пластична чанта која на себе го носи логото на познатата марка.
Чантата е дизајнирана во неколку нијанси, а постои и невидлив модел со синџир кој овозможува лесно носење.
Лагерфелд уште еднаш успеа да направи сензационален моден додаток кој ги обедини жените во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.