| четврток, 6 декември 2018 |

Џенифер Лопез има решение никогаш да не ја видиме во иста комбинација

Dzenifer-Lopez2-490x569Актерката и пејачка Џенифер Лопез толку многу води сметка на јавните настани да не се појави во иста комбинација што создаде сопствена интерна дигитална архива. Актерката секое парче облека го означила со бар-код, кој ја информира каде и кога го носела конкретниот фустан, маица, чевли…

-На еден состанок Џенифер ја прекрсти ногата така што некој забележаа дека на чевлата има бар-код. Кога ја праша што е тоа, таа се насмевна и одговори дека станува збор за интерен баркод-систем, кој и помага да дознае каде го носела конкретното парче облека и на тој начин и овозможува никогаш да не се појави двапати во иста комбинација- објаснува извор близок на пејачката за „Њујорк дејли њуз“.

Пејачката истиот систем го инсталирала и на својот компјутер, а тој овозможува преглед на сета нејзина гардероба, поточно, на облеката што ја има во сите свои куќи.

-Џенифер мошне сериозно ја сфаќа модата. Не сака во иста облека двапати да се појави на јавен настан. Ако ја видите исто облечена, тогаш знајте дека намерно го направила тоа- додава истиот извор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top