Австрискиот канцелар Вернер Фајман повтори во Братислава на состанокот со премиерите на Чешка Бохуслав Соботка и на Словачка Роберт Фицо, дека Австрија инсистира на солидарна распределба на бегалците меѓу земјите од ЕУ, но двајцата ги одбија квотите како ирационални.
Бегалците и онака исклучиво сакаат на Запад, додаваат двајцата премиери. Сепак, и тие и канцеларот се согласни дека неопходно е да се заштитат надворешните граници на ЕУ и на Шенгенскиот простор, ако е потребно и со армиите
-Идејата за безбедна зони, наречени ’хот спот’ добива поддршка во ЕУ. Во нив бегалците на кратко ќе застанат, ќе се идентификуваат, би се одлучило кој би се вратил назад, а кому да се помогне- вели Фицо, а чешкиот колега додава дека на шенгенските граници би требало да се приклучат и ООН.
Фицо и Соботка ги одбија и оценија како ирационални идеите за обврзните квоти за прием на бегалци.
-Квотите ги гледаат како магична политичка карта која би го решила проблемот со бегалците. А нема да го реши затоа што никој не сака да ја каже вистината за Сирија. За што зборуваме ако некои членки на ЕУ не сакаат да признаат дека ја помагаат граѓанската војна во Сирија- додава Фицо.
Двајцата премиеро пред канцеларот го повторија аргументот дека мигрантите едноставно сакаат само на развиениот Запад, во Германија, Франција Велика Британија и Скандинавија.
-И сега што, треба да одиме во Унгарија, да заобиколиме 1500 мигранти и да ги држиме кај себе? Официјални бројки не постојат- коментира Фицо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Австрија ги отвора вратите за Македонците: Бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи
-
Владата се извини: Многу се слични димензиите и колоритот на знамињата
-
Австрија: Властите не му дале азил на Авганистанец затоа што не бил доволно хомосексуалец
-
Андреј Бабиш: Чешка нема да прима ниту луѓе кои бегаат од војна!