Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас денеска изјави дека се заложува за повторно воспоставување добри односи со Русија, истакнувајќи дека никогаш не бил во Москва за да бара финансии.
Тој нагласи дека „грчко-руските односи мора да бидат обновени“.
– Ако Турскиот поток биде изграден на територијата на Турција, тогаш треба да минува и низ Грција. Руските туристи треба да се вратат во нашата земја, истакна Ципрас.
Ципрас ја посети Москва во април, а во јуни учествуваше на Меѓународниот економски форум во Санкт Петерсбург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.