Кошаркарскиот сојуз на Франција од организација на Евробаскетот 2015 година ќе инкасира дури 17 милиони евра.
Оваа година Европското првенство се игра во четири држави (Франција, Германија, Хрватска и Летонија), односно секои од овие држави се домаќини на групите од групната фаза.
Потоа сите 16 репрезентации, кои ќе обезбедат учество во следната рунда, се селат во Франција каде што ќе се одигра и финалето на првенството на фудбалскиот стадион во Лил, кој собира 27.000 гледачи.
Затоа сојузот на „триколорите“, кои се актуелни европски шампиони, ќе инкасираат најмногу пари, два милиона ќе добијат од државата, по еден милион од локалната самоуправа на Лил и Монпелје, а остатокот од продажбата на влезници за првата и втората фаза од шампионатот како спонзорски договори.
Од другите држави, Хрватска ќе инкасира најмалку околу два милиони, Летонија малку повеќе, а Германците не се занимаваат со финансиите бидејќи тие ја остварија главната цел, да го видат Дирк Новицки во националниот дрес во Берлин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.