Групацијата Исламска држава зазеде нафтено наоѓалиште во пустински регион во централниот дел на Сирија, соопшти денеска Сирискиот центар за набљудување на човековите права.
Тоа било последното поголемо нафтено поле во Сирија, под контрола на режимот на претседателот Башар ал Асад.
Според Центарот наоѓалиштето, Џазаил веќе е целосно под контрола на ИД. Тоа се наоѓа северозападно од древниот град Палмира.
Центарот соопшти и дека 16 џихадисти, меѓу кои пет странци, се убиени во Рака во воздушен напад на меѓународната коалиција, предводена од САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



