Капитенот на италијанската кошаркарска репрезентација, Луиџи Датоме, се повреди на вчерашниот натпревар против Исланд во кој неговите соиграчи извојуваа победа од 71-64.
Тој ќе мора да паузира во следните три натпревари, што значи дека нема да може да им помогне на своите соиграчи до крајот на групната фаза во „групата на смртта“ во Берлин. Прогнозите се дека би се вратил да им помогне во следната рунда, доколку Италија обезбеди учество во осминафиналето.
Популарниот „Џиџи“ ова лето се врати во Европа и тоа во тимот на Фенербахче откако помина две години во НБА лигата во екипите на Детроит и на Бостон.
Тој претходно настапуваше за клубот Монтепаски Сиена, со кој ги доживеа најголемите успеси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.