Се чини дека домот на перуанскиот интернационалец е Вердер Бремен. Тој по завршувањето на договорот со Баерн Минхен ова лето се одлучи како слободен играч да се врати од каде ја започна фудбалска слава и повторно да го облече дресот на Вердер.
Напаѓачот е водечки стрелец во Бундеслигата со 176 гола, а оваа сезона ќе има прилика тој рекорд да го поправи.
Пизаро потпиша едногодишен договор со Вердер каде доаѓа по три години поминати во Баерн Минхен со кој ја освои тројната круна во 2013 година, а минатата сезона имаше забележителен настап и постигнати 15 гола.
Досега во својата париера Перуанецот на два наврати го носеше зелениот дрес и тоа од 1999-2001 година, и во периодот од 2008 до 2012 година.
Најголемите успеси во кариерата сепак ги постигна со Баерн Минхен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



