Извештајот на ММФ покажа работи за кои што опозицијата долго време правеше една лажна слика помеѓу граѓаните, тоа е дека Македонија е помеѓу 5-те најниско задолжени земји во Европа.
-Со државен долг со околу 36% и јавен долг од 43% Македонија е држава помеѓу 5-те најниско задолжени држави во Европа и она што е исто така значајно е дека во извештајот се потврдува дека задолжувањата се правени за крупно капитални инфраструктурни проекти како што се патишта, железници, енергетски проекти, болници, подвлече премиерот Никола Груевски за време на денешната посета на болницата „8-ми Септември“.
Премиерот додаде дека е многу добро што излезе овој извештај затоа што ги негира сите досегашни обвинувања кон Владата дека, владата ја презадолжила земјата, дека наскоро ќе има крах, дека долгот е екстремни висок како и дека Владата создава привидна слика дека државата има низок долг.
-Она што исто така е значајно е тоа дека ММФ во извештајот сериозно го потенцираат делот поврзан со странските инвестиции. Во тој дел покажуваат за успешноста на владините политики и прогнозираат дека од странските инвестиции ќе следува отворање на нови 30.000 работни места. Тоа веќе не го кажува Владата туку го кажува ММф, појаснува Груевски.
Овој извештај, заклучи Груевски ја отсликува реалноста на нашето работење но на тоа ние гледаме и како валоризација на она што е сработено во изминатиот период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски