| четврток, 6 декември 2018 |

Франција планира воздушни напади против ИД во Сирија

оланд

Францускиот претседател, Франсоа Оланд, наредил армијата да се подготви за почнување воздушни напади врз позиции на Исламска држава (ИД) во Сирија, јавуваат светските медиуми.

Според информациите, Оланд изјавил дека Франција утре треба да почне со извидувачки прелети, како дел од подготовките за напад на милитантите на ИД.

Тој, истовремено, отфрлил секаква можност за ангажирање копнени трупи во Сирија.

Според Оланд, станува збор за одговор по информациите дека ИД планира напади на повеќе земји, меѓу кои и Франција.

-Моја одговорност е да се осигураме дека сме информирани колку што е можно во однос на заканите кон нашата земја. Во таа насока, побарав од министерот за одбрана од утре да се почне со извидувачки летови над Сирија, како подготовка за воздушни напади против Исламска држава – ја пренесува „Би-Би-Си“ изјавата на францускиот претседател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top