Малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара, а цената на дизелот и екстра лесното останува непроменета.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 62 денара за литар, а на Еуросупер БС-98 ќе биде 64 денари за литар.
Се намалува и цената на Мазутот и ќе изнесува 19,9 денари за килограм.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесувала 46,27 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот бил 54,32 денари
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.