Во августовскиот рок на полагањето државна матура биле доставени 56 приговори, од кои 17 биле прифатени. Приговорите биле разгледани и решени од предметни комисии.
Државниот испитен центар денеска соопшти дека резултатите од приговори биле доставени до училиштата на 2 септември. Кандидатите кои приговарале имале право на увид во тестот кој се реализирал на 3 септември во просториите на Центарот.
Полагањето на екстерните предмети од државната матура се реализираше од 18-ти до 21 август. Вкупно биле пријавени 2295 кандидати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.