Оградата долга 30 километри ќе биде продолжение на веќе постоечката ограда долга 240 километри која ја има на границата со Египет.
Премиерот на Изразел, Бенџамин Нетанјаху, изјави дека изградбата е започната, бидејќи, како што рече тој, не смее да се дозволи Израел да биде преплавен со нелегални емигранти и терористи.
-Израел не е индиферентен кон човечката трагедија на сириските и авганистанските бегалци, но Израел е многу мала земја, без демографска или географска длабочина. Затоа мораме да си ги контролираме границите – вели тој.
Претседателот на Палестина, Махмуд Абас, побара од Израел да им дозволи на Палестинците од бегалските кампови во Сирија да ја преминат територијата за да стигнат до Палестина.
Оградата долга 30 километри ќе биде продолжение на веќе постоечката ограда долга 240 километри која ја има на границата со Египет.
-Колку што можеме подобро ќе ја обиколиме границата со софистицирано обезбедување и ограда која ќе ни овозможи да ги контролираме границите – истакна тој.
Официјалните податоци велат дека во Израел има околу 45.000 бегалци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.