| четврток, 6 декември 2018 |

Нови пожари во прифатилиштата за емигранти во Германија

POZARIПожар го зафати прифатилиштето за бегалци во Баден-Витенберг, во југозападна Германија. Во пожарот пет лица се повредени. Друг простор поисточно во местото Ебелебен, сѐ уште празен и кој требал да прими емигранти, делумно изгорел, објави во понеделникот регионалната полиција.

Првиот пожар избувнал ноќта кон понеделникот и ги уништил контејнерите за сместување во Ротенбург во кои биле сместени 80 мигранти, се наведува во соопштението на локалната полиција. Две од повредените лица, настрадале кога скокнале низ прозорец за да се спасат од огнот.

Во местото Ебелебен, пак, изгорел покривот од зградата во којашто требало да бидат сместени мигранти и бегалци. Во овој случај нема повредени.

За двата случаја полицијата засега не може да ги наведе причините за избувнувањето на пожарите. Но медиумите предупредуваат дека сличните напади коишто ѝ се припишуваат на германската крајна десница зачестиле во последниот период, како реакција на огромниот прилив бегалци и мигранти од Блискиот Исток и северна Африка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top