| четврток, 6 декември 2018 |

Северна и Јужна Кореја почнаа разговори за спојување на семејствата

преговори

Северна и Јужна Кореја денеска во погранично место почнаа разговори за продолжување на спојувањето на семејствата раздвоени со Корејската војна во раните ’50-ти години, соопштија властите во Сеул.

Разговорите меѓу претставници на Црвениот крст на двете земји во Панмуњом се овозможени по спогодбата постигната овој месец, со која се намалија тензиите, кои претставуваа закана за почнување војна. Тензиите зајакнаа по експлозијата на мина во која се осакатени двајца јужнокорејски војници, за што е обвинет Северот.

Крајно емотивните спојувања на семејствата не се случиле од почетокот на минатата година. Повеќето баратели се во 70-те години од животот или постари и очајнички сакаат да ги видат своите најблиски пред смртта.

Голем број Корејци дури не знаат дали роднините од другата страна на границата се уште им се живи, бидејќи нивните влади им забрануваат размена на писма, телефонски разговори и електронски пораки.

Околу 22.500 Корејци учествувале во кусите спијувања, 18.800 лично, а останатите преку видео врска. На никој од нив не му е пружена втора прилика за состанување со роднините, според јужнокорејскиот Црвен крст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top