| четврток, 6 декември 2018 |

Дваесет и две лица загинаа во невреме во Индија

гром
Бура проследена со удари од громови уби вчера 22 лица, претежно земјоделци, кои работеле во поле во осум дистрикти во индиската држава Андра Прадеш, соопштија денеска индиските власти.Два женски крикет тимови имаа среќа и избегнаа удар од гром во последен момент, откако гром удри во дрво на теренот каде играле во градот Гунтар, изјави локален функционер.

Дрвото се запалило, откако било погодено од гром и заглушувачкиот звук кој следел ги натерал натпреварувачките и гледачите да побегнат во паника.

Ударите од гром се честа појава за време на сезоната на монсуни во Индија, која трае од јуни до септември, но вчерашниот број на жртви беше невообичаено висок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top