Ноќта сабота кон недела, околу 03,00 часот, на влезот за тетовското село Јанчиште, полициски службеници го сопреле Т.Ѓ.(27), по предходна пријава за семејно насилство. Тој прво започнал вербална расправија, а потоа и физички нападнал еден од полициските службеници.
Осомничениот бил приведен и со истиот е извршен разговор како и алкотестирање при што му е утврдено 1,68 промили алкохол во крвта.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.